Патрушев: Конфликтoт е поради обидот на Западот да го искористи Киев против Москва

Сподели со своите пријатели

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев денеска изјави дека Москва не е во војна со Киев, туку дека конфронтацијата настанала поради обидот на Западот да ги искористи Украинците во конфликтот со Русија.

Loading...

Настаните во Украина претставуваат воена конфронтација меѓу НАТО, пред се САД и Велика Британија, со Русија, рече Патрушев во интервју за aif.ru.

Патрушев изјави дека НАТО се плаши од директно вклучување во конфликтот со Русија и затоа ги „турка“ украинските војници во сигурна смрт во директен конфликт со Русија, пренесува Танјуг.

Патрушев истакна дека Русија со спроведување на специјална воена операција има за цел „да ги ослободи своите региони од окупација“ и дека, како што рече, „мора да стави крај на крвавиот експеримент на Западот да го уништи братскиот народ на Украина“.

„Не сме во војна со Украина, бидејќи не можеме да имаме омраза кон обичните Украинци“, рече Патрушев, пренесе ТАС С.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.