Патрушев: Киев би можел да искористи биолошко оружје, а САД создаваат нова пандемија

Сподели со своите пријатели

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев денеска предупреди дека постои се поголема веројатност Киев да употреби биолошко оружје и на тој начин да изврши саботажа.

Loading...

Според него, не е исклучено Украина целосно да ја загуби контролата врз биолошките објекти на нејзина територија. Во овој контекст, тој потсетува дека Соединетите Американски Држави, во близина на границата со Русија, а на територијата на Украина и другите земји недалеку од неа, вршат биолошки истражувања на биолошки материјал, кој, меѓу другото, им припаѓа на Словените.

– Вашингтон продолжува да работи на биолошки програми насочени кон создавање вештачки патогени отпорни на вакцини и антибиотици, додаде тој.

Затоа, Патрушев предупредува дека, кога станува збор за рускиот Централен федерален округ, кој ги опфаќа и областите на границата со Украина – Белгород, Брајанск, Курска област – главна биолошка опасност за нив се биолошките програми на САД.

Исто така, на денешниот состанок за безбедноста во споменатиот округ тој истакна дека земјата мора да ја зајакне одбраната на руските биолошки капацитети, за да бидат заштитени од можни терористички напади.

Патрушев предупредува и дека истражувањето на Вашингтон може да предизвика нови епидемии и пандемии.

„Нема сомнеж дека акциите на Американците поврзани со биолошки лаборатории во непосредна близина на руската граница и проширувањето на спектарот на биолошки истражувања претставуваат сериозна биолошка закана и бараат дизајнирање на ефективни мерки за нивно елиминирање“, заклучува тој. .

Опасност и од радијација

Loading...

Испораките на гранати со осиромашен ураниум во Украина значително ја зголемуваат опасноста од радијација, но западните политички елити не се загрижени за здравјето ниту на сопственото население, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија.

„Нашите предупредувања не беа послушани. Како резултат на уништувањето на магацини со гранати со осиромашен ураниум доставен од англосаксонците – за да се спречи нивната употреба против Русија – Европејците веќе неколку месеци забележуваат зголемување на радијацијата во нивните земји“, рече секретарот на Советот за безбедност на Русија, пренесува RT Balkan.