Пашинјан: Во никој случај нема да поднесам оставка

Сподели со своите пријатели

Под никакви околности нема да поднесам оставка, изјави ерменскиот премиер Никола Пашинјан на средбата со неговите соработници, организирана како резултат на настаните во Нагорно Карабах, пишува весникот „Грапарак“.

Loading...

Ерменската полиција вчера уапси 30 лица кои учествуваа на демонстрациите во Ереван и бараа оставка од премиерот Пашинјан, а конфликтот се случи пред зградата на ерменската влада во центарот на Ереван.

Пашинјан претходно потврди дека актуелните власти на Ерменија го признаваат Нагорно Карабах како дел од Азербејџан.

„Од официјалните информативни страници на Нагорно Карабах дознаваме дека властите на Нагорно Карабах го прифатиле предлогот на командата на рускиот мировен контингент за прекин на огнот. Се запознавме со текстот. Република Ерменија не учествуваше во формирањето на овој текст и не беше учесник во дискусиите“, рече Пашинјан вчера во видео порака.