Папата со задоволство оди во Монголија

Сподели со своите пријатели

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска го изрази своето задоволство што во четврток ќе отпатува во Монголија, претежно будистичка земја, за да се сретне со „благородниот и мудар народ“ и да ја посети Римокатоличката црква со мал број верници.

Loading...

„Тоа е многу добредојдена посета“, рече папата по неделната миса и обраќањето пред верниците од балконот на Апостолската палата со поглед на плоштадот Свети Петар.

Според него, патувањето ќе биде можност за средба „со благородни и мудри луѓе, со голема верска традиција“.

Монголија има една од најмалите католички заедници во светот, проценета на околу 1.450 членови од вкупното население од околу три милиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалдемократите победија на изборите во Литванија

„Им благодарам на вашите власти за нивната љубезна покана, како и на оние кои вредно ја подготвуваат мојата посета“, рече Папата, директно обраќајќи им се на Монголите.