Папата пристигна во Индонезија: Првата станица од најдолгото патување во странство

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско денеска пристигна во Индонезија, на почетокот на патувањето во Југоисточна Азија и Океанија, што ќе биде негово најдолго патување во странство досега, кое ќе трае 12 дена.

Loading...

Тој слета на аеродромот Сукарно-Хата во Џакарта, со чартер лет на италијанската авиокомпанија „ИТА Ервејс“ со неговата придружба и новинари, пренесува Ројтерс.

Папата Франциско (87) планира да ги посети и Источен Тимор, Сингапур и Папуа Нова Гвинеја во следните 10 дена на ова патување кое ќе помине речиси 33.000 километри.

Ројтерс претходно објави дека папата ќе посети четири островски земји од Југоисточна Азија со цел да поттикне глобална акција за климатските промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на Дунав: 140 луѓе заробени на брод за крстарење поради зголеменото ниво на реката

Поглаварот на Католичката црква силно се залага за спроведување на Парискиот договор за климата од 2015 година, а неговите соработници велат дека ќе продолжи да повикува на соочување со опасностите од глобалното затоплување и поддршка на најранливите, наведува британската агенција.

Во земјите што папата планира да ги посети, овие опасности вклучуваат зголемување на нивото на морето и сè посилни и непредвидливи топлотни бранови и тајфуни.