Панихида во чест на загинатите бранители во Диво насеље (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово денеска се одржа панихида во чест на загинатите припадници на безбедносните сили во терористичкиот напад во Диво насеље од 9 и 10 мај 2015 година.

Loading...

 

 

Во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, локалниот огранок на партијата и Здружението на граѓани „Бранители“ денеска им беше одадена почит на осумте припадници на МВР кои ги положија своите животи.

 

 

Loading...

Според претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов, жално е што по осум години загинатите немаат никакво спомен обележје.

– И после осум години немаме никакво обележје дека осум македонски синови го положиле својот живот во одбрана на Куманово и Република Македонија. Не го правеа тоа за да кумановците Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски да уживаат во бенефитите на тоа што едниот е премиер, другиот министер за внатрешни работи, туку го направија за сите нас, рече Пандов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

 

 

Во однос на најавите дека осудените за тероризам во случајот Диво насеље ќе бидат префрлени на издржување затворска казна во Косово, Пандов вели дека тоа е сол на рана за семејствата на загинатите.

– Тие луѓе оставија родители, ќерки и синови, сопруги завиени во црно, некаква сатисфакција ако имаа нивните семејства и сите ние, беше што тие терористи се наоѓаат во македонските затвори. Она што е страшно што е за неверување дека сега министрите на ДУИ и СДС веќе договарале и во завршна фаза било тие да бидат префрлени и да ги издржуваат затворските казни во Косово, што во превод би значело нивно ослободување, додава тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

 

Loading...

 

Во терористичкиот напад во Диво насеље животите ги загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Сите тие посмртно беа одликувани со медали за храброст.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски