Паланчанец украл сообраќаен знак, па напаѓал возила и се заканувал на полицајци

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен жител на Крива Паланка украл сообраќаен знак, па потоа запирал возила и фрлал предмети кон нив на патот кон ГП Деве Баир.

Loading...

Во меѓувреме бил агресивен кон полициски службеници и им се заканувал.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, појаснуваат од МВР, на 08.05.2023 кај место викано „Осички Мост“ на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, на место викано „Осички Мост“, запирал возила и фрлал со  тврди предмети кон нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Воедно, пријавениот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства, појаснуваат од полицијата.

Никола Ивановски