Пакетчиња од Општина Куманово за децата без родители и родителска грижа

Сподели со своите пријатели

Децата без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, денеска добија новогодишни пакетчиња од Општина Куманово.

 

 

Претседателката на Совет на Општината, Ивана Ѓорѓиевска  и раководителот, Александар Крстевски, заедно со Дедо Мраз, традиционално поделија новогодишни пакетчиња на деца без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства.

 

 

– Од името на локалната самоуправа, на општо задоволство на дечињата, им беа упатени искрени желби за безброј успеси и радости во новата 2025 година, велат од локалната самоуправа.

 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Осум кандидати за градоначалници и 14 советнички листи во Куманово