Паѓаат тендерите за електрична енергија, училиштата во Куманово може да останат без струја

Сподели со своите пријатели

Ако продолжат да паѓаат тендерите за набавка на електрична енергија, основните и средни училишта од Куманово би можеле да останат без струја. Ова денеска на седница на Советот на Општина Куманово го истакна претседателката Ивана Ѓорѓиевска.

Loading...

Според Ѓорѓиевска, паднал тендерот за набавка на гас на ЈП „Куманово гас“, тендерот за набавка на струја на „Чистота и зеленило“, а ЕВН Хоум се нафаќа да дистрибуира до февруари.

– Не е само тендер во „Куманово гас“ да паѓа, паѓаат и во „Чистота“ за електрична енергија, никој не се јавува, а договорите се еднострано прекинати поради неможност да испорачаат. Тоа се случува и во основните училишта, се распишуваат тендери на кои никој не се јавува и од ЕВН Хоум како универзален снабдувач се нафаќаат да дистрибуираат до февруари, ако продолжи оваа пракса, голем дел од училиштата може да останат без електрична енергија, ова е голем проблем со јавните набавки, рече Ѓорѓиевска.

Како што додаде таа, поради енормното покачување на цената на гасот, но и поради негов недостаток во градот, голем дел од училиштата се префрлаат на мазут и нафта.

Никола Ивановски