Паднаа маските: Командантот на Исламската држава е американски спeцијалец

Сподели со своите пријатели

Омар ал Сишани, командант на Исламската држава, обучуван од страна на специјалните единици на САД во Грузија во периодот од 2006 до 2010 година – вест која ги бранува сите американски медиуми.

Loading...

Имено, „Бизнис Инсајдер“ наведува дека „американските медиуми ја признаваат улогаta на САД во растот на Исламската држава“, поткрепувајќи го со фактот дека овој џихадист бил обучуван од американската војска.

Информацијата за кратко време стана главна тема на највлијателните американски политички портали.

Имено, откриено и потврдено е дека Омар ал Сишани, еден од главните луѓе на Исламската држава е обучуван во центарот за тренинг во Грузија.

Ал Сишани е познат како борец во Чеченија, а потоа и во Грузија, за да денес војува на територијата на Сирија и Ирак како еден од неколкуте команданти на Исламската држава.

Тој поточно и потекнува од Грузија, а неговото вистинско име е Таркан Батирашвили.

Порталот McClatchyDC.com се повикува на извори од воениот врв на Грузија и наведува сведочења дека ал Сишани е препознаен како ѕвезда и истакнат борец во специјалните единици на САД.

Тој бил ѕвезда во подем и како таков и бил третиран, наведува порталот според зборовите на еден од сè уште активните припадници на војската на Грузија.

Loading...

Сите сме обучувани од страна на американските специјални единици и тој беше еден од најдобрите војници – вели изворот на порталот McClatchyDC.com.

Оваа информација никако не оди во прилог на Белата куќа, затоа што гласно го отвара прашањето дали САД се покровители на исламските терористи, односно, го расветлува фактот дека улогата на САД во развојот на Исламската држава нималку не е наивна, туку дека станува збор за долгогодишни односи меѓу војската на САД со различни терористички групации кои лесно можат да се стават под контрола.