Озогласениот Рафаел – Најбруталниот нарко бос (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рафаел Каро Кинтеро бил еден од првите лидери на мексиканските нарко картели, недопирлив, незапирлив и крволочен криминалец.

Loading...

Неговото владеење со подземниот свет на дрогата нагло е прекинат откако брутално убил американски агент. Меѓутоа, пуштен е од затвор и се наоѓа на листата на ФБИ за десетте најбарани криминалци.

Кинтеро е главен лик на четвртата сезона на популарната серија на „Нетлфликс“, „Наркос“.

Овој, денес 66-годишник, роден е во ноември 1952 година во Синалоа, Мексико. Точниот датум на неговото рашање не е точно познат. Бил еден од 12 деца во семејство кое без татко останало кога тој имал 14 години. Бил најстариот син и по смртта на својот татко ја презел грижата за браќата и мајката.

Откако некое време работел на ранчот и плантажи со пченка сфатил дека многу повеќе пари може да заработи ако се занимава со не така традиционално одгледување, па површно започнал да се занимава со одгледување марихуана. И тоа под будното око на славниот и силен Педро Авилес Перес. Набргу имал доволно пари целосно да се посвети на производството на дрогата, а и целото семејство го вовлекол во бизнисот.

https://youtu.be/-hUixWrZUgc

Неговиот вујко, брат и семејството на неговата сопруга се вклучиле во бизнисот за криумчарење.

Аген на американската агенција за сузбивање наркотици ДЕА, Џејмс Кујкендал го опишал како „вистински продукт на криумчрање дрога и персонификација на она што криумчар на дрога од подрачјето на Синалоа навистина е“.

Со 29 години станал ѕвезда во мексиканското подземје. Во текот на 70те години се здружил со мексиканскиот Феликс Галардо и еквадорскиот шеф Ернесто Фонсека Кари на нивниот крвожеден пат. Го основале картелот Гвадалахара кој ќе стане прототип на организација која и денеска постои во Мексико.

Loading...

Тројката била позната како „Дедовци на мексиканското криумчарење на дрога“, со Ел Падрино познат по прекарот „кум“ и Дон Нето. Службениците на ФБИ Рафаел Каро Кинтеро го опишале како „еден од главните снабдувачи на Америка со хероин, кокаин и марихуана“ во текот на 70те и 80те години од минатиот век.

Во серијата „Наркос“ неговиот пад започнува кога самиот започнува да користи кокаин и станува параноичен и непредвидлив“.

Во реалноста неговиот пад започнал кога мексиканските власти направиле рација на неговиот голем ранч „Буфало“, всушнст фарма за марихуана во државата Чивава. Проценетата вредност била од 2,5 милијарди до пет милијарди долари колку би достигнала улината вредност. Дојавата ја добиле од таен одушник, агент на ДЕА, а Кинтеро, страшно бил погоден со овој губиток, па веднаш започнал да планира освета. Така во 1985 година со соработниците наводно убил двајца Американци, Џон Клеј Вокер и Алберт Раделат. Тогаш веќе многу параноичен Каро Кинтеро, го заменил со агентите на ДЕА.

Но, се верувало дека полицијата дојавата за неговиот ранч го дал Енрике „Кики“ Камарена Саласар, кој бил таен агент на ДЕА. И така на големиот шеф му бил зададен големиот удар. Токму поради тоа на 7 февруари 1985 година Камарена среде бел ден го киднапирале од улица. Неговото тело и телото на неговиот капетан Алфред Савала Авелар пронајдени се замотавни во пластика скоро месец дена по исчеснувањето, на еден ранч скоро 100 километри од градот.

Loading...

Главните осомничени биле Каро Кинтеро и неговите соработници. Не ги дочекала лесна смрт, бидејќи за 30 часа на Камарена му биле уништени сите коски на лицето и душникот. Ребрата му биле скршени, а во главата имал дупка. Во белите дробови му биле пронајдени траги дрога кои му биле давани за да го одржат буден додека ѕверски го мачеле. Неговата смрт предизвикала голема згрозеност во САД.

Јавноста била во шок поради стравичното мачење, а властите згрозени со леснотијата со која нивниот агент е киднапиран. Потоа неколку служебници биле обвинети поради помагање во тоа убиство. САД сериозно размислување на затворање на границите, а претседателот Реган вршел огромен притисок врз мексиканскиот колега Мигел де ла Мадрид за да што побрзо ги пронајде неговите убијци.

Колку и да имал влијание и моќ во мексиканската корумпирана влст, не можел да се носи со гневот од САД. И токму затоа во април 1985 година, два месеци по убситвото, неговото владеење е завршено. Приведен е во палатата во Костарика во која избегал за да изегне екстрадиција во Мексико каде е осуден на 40 години затвор како организатор на убиството на Камарена. Поради неговото апсење и онаа на Ернесто Фонсека картелот Гвадалахара почнал да пропаѓа.

По 28 години затвор, бил пуштен во 2013 година. Мексиканскиот суд наложил да биде ослободен и ја поништил неговата пресуда поради технички пропусти, затоа што му е судено на сојузен суд за државни казнени дела. И така на 53 години големиот „Наркос“ повторно е на слобода.

https://youtu.be/VBLcYJ7C4F0

Неговото излегување ги збесна американските власти. Администрацијата на Обама издаде соопштение во кое стоеше дека и натаму остануваат посветени на тоа Кинтеро и останатите вклучени во случајот да бидат казнети во САД како што биле и веднаш по убиството на Кики Камарена. Кинтеро тврди дека официјално се пензионирал од таквиот бизнис.

– Бев криумчар на дрога пред 31 година и од тој моменто ви зборувам како од моментот кога го изгубив приносот на ранчот „Буфалот“ ја завршив својата активност, се заколнал тој во интервју со мексикански новинар во 2016 година.

Loading...

САД не веруваат во неговите изјави и особено во онаа дека сака да живее во мир.

Во 2017 година ДЕА го идентификувала како еден од функционалните лидери на картелот Синалоа „одговорен за криумчарење стотици тони амфетамин, марихуана и кокаин во САД“. Во април 2018 година ФБИ овој сега 67-годишен „дедо криумчар на дрога“ го стави на листата 10 најбарани луше, со награда од 20 милиони долари за било каква информација за неговото движење, што е најголема награда во историјата на ФБИ. Досега наградата не ја добил никој а се претпоставува дека Каро Кинтеро и натаму е на слобода некаде во северниот дел на Мексико.

Leave a Reply