Ова е приказна за мачорот Буба, која живее во Сан Хосе, во Калифорнија.
Од потполно непозната причина, мачорот секој ден доаѓа на школо која се наоѓа во близина на неговиот дом. Со времето, сите ученици и професоти го прифатиле новиот „ученик“, кој од 2009 година е редовен скоро на сите часови.
Секое утро прв доаѓа пред училиштето и чека да дојдат останатите ученици.
Управата на училиштето му издала и студентска картичка, со што и официјално е ученик во училиштето.
Тој седнува како и сите други и многу внимателно слуша што зборуваат професорите додека предаваат, а има и омилен предмет, верувале или не – математика.
Сепак истото не може да се каже за часовите по англиски јазик затоа што тогаш обожава да спие.
Овој мачор го сакаат сите, а неговата фотографија се наоѓа и во алманахот на таа генерација, исто како и фотографиите на другите ученици.