Овие градови може да исчезнат до 2030 година: Прогнозите не се добри!

Сподели со своите пријатели

Научниците предвидуваат дека неколку светски градови ќе исчезнат до 2030 година.

Loading...

Причината за тоа лежи во климатските промени, кои го топат поларниот мраз, го подигаат нивото на морето и го менуваат времето.

Така, силни бури се случуваат во области кои претходно не беа погодени од вакви природни катастрофи.

Градовите долж брегот се изложени на поплави поради монсуните и обилните дождови и затоа полека тонат.

Така, научниците дошле до откритие дека до 2030 година ќе потонат девет светски метрополи:

Мајами (Соединети Американски Држави)

Банкок (Тајланд)

Амстердам (Холандија)

Loading...

Басра (Ирак)

Џорџтаун (Гвајана)

Хо Ши Мин (Виетнам)

Калкута (Индија)

Венеција (Италија)

Њу Орлеанс (Соединети Американски Држави)

Мајами

Нивото на морето во Мајами се зголемува со брзо темпо, загрозувајќи ја градската инфраструктура со поплави кои ја загадуваат водата за пиење.

Градските водачи ќе мора да подигнат одредени структури над водата за да го спасат градот.

Loading...

 

aerial photography of high-rise buildings near sea

 

Бангкок

Овој град е изграден на мека глинена почва која е подложна на поплави. Истражувањето на научниците покажало дека овој град секоја година тоне меѓу два и три сантиметри.

Според истражувањето од 2020 година, Бангкок е првиот град кој ги доживеа големите последици од глобалното затоплување.

 

 

Loading...

Амстердам

Холандските експерти за спречување поплави развија напреден систем на насипи, брани и други бариери кои ја држат водата подалеку од инфраструктурата и населението.

И покрај тоа, тие се принудени внимателно да ги следат и да ги надградуваат системите за да спречат катастрофални последици.

Многумина тврдат дека опасноста е неизбежна поради континуираното тонење на земјата како резултат на климатските промени.

Басра

Басра е главниот пристанишен град во Ирак, кој се наоѓа покрај силната и широка река Шат ал-Араб, која се влева во Персискиот Залив.

Научниците предвидуваат дека овој осиромашен арапски град би можел делумно или целосно да биде потопен во следните десет години.

 

Loading...

 

Џорџтаун

Кога станува збор за области кои наскоро би можеле да потонат поради ефектите од глобалното затоплување, Карибите се на врвот на листата.

Најмногу се зборува за главниот град на Гвајана, кој се наоѓа на устието на реката Демерара во Атлантскиот Океан.

Со векови Џорџтаун се бранеше од бури и други временски услови со огромен ѕид долг 450 километри.

Loading...

Ситуацијата е таква што земјата мора значително да го зајакне тој ѕид за да ги држи централните области на градот подалеку од големи оштетувања.

 

green trees near body of water during daytime

 

Хо Ши Мин

Поплави и тропски бури го загрозуваат делот на Хо Ши Мин од делтата Меконг, а научниците предвидуваат дека источните делови околу реката наскоро ќе бидат непогодни за живеење.

Loading...

Посебно се загрозени мочуриштата на Ту Тием, а експертите посочуваат дека тие би можеле да завршат под вода и пред 2030 година.

 

aerial view of city buildings during daytime

 

Калкута

На главниот град на индиската држава му се заканува природна катастрофа. Калкута би можела делумно да биде потопена до 2030 година поради големите поплави.

За жал, ова е многу сиромашен дел од светот кој нема соодветна финансиска иницијатива за зачувување на традиционалниот начин на живот на овие простори.

Loading...

 

white concrete castle near body of water

 

Њу Орлеанс

Њу Орлеанс, заедно со својата богата историја и разновидна култура, тоне со една од најбрзите стапки во светот.

Студијата на НАСА од 2016 година покажа дека целиот град може да биде потопен до крајот на овој век.

Loading...

Њу Орлеанс бил целосно под нивото на морето во 18 век, сто години подоцна пет проценти биле потопени, додека денес тој број пораснал на 50 проценти.

За неповолната состојба придонесува географската положба, но и човечката активност, вклучително и дупчење за потрага по нафта и природен гас.

 

 

Венеција

Венеција тоне околу два милиметри секоја година и се соочува со големи поплави кои му штетат на градот и неговите жители.

Дури 90 отсто од овој италијански град бил потопен во 2019 година, а штетната ситуација дополнително ја влошила ерозијата на крајбрежјето и испумпувањето на подземните води.

Иако градот презеде неколку важни чекори, вклучувајќи го и проектот за поплавната брана Мозе, ефектите од климатските промени врз порастот на нивото на морето бараат постојан мониторинг и уште повеќе заштитни мерки.

 

Rialto Bridge, Venice Italy