Овие десет професии наскоро би можеле да исчезнат

Сподели со своите пријатели

Американското биро за статистика при работа, предвидува дека за помалку од една деценија, услугите ќе се намалат за 28% и ќе има 139.000 работни места помалку, а таква иднина се предвидува и за неколку професии.

Loading...

Технологијата значајно го олеснува животот на луѓето ширум светот, но таа има и негативно влијание затоа што бројни професии ќе станат загрозени и ќе им прети смалување на бројката од потребни работници.

Работник во печатница

Работниците во штампарница прегледуваат различни примероци во текот на печатењето за да ги пронајдат проблемите и да ги поправат грешките. Со оглед на тоа дека многу весници преминуваат од печатени во електронски изданија, со самото тоа и потребата од работници во печатници отпаѓа.

Tan2014-5-4_105631995_0

Риболовци

Разни средства за риболов се поефикасни од јадицата, а постојат и фарми за одгледување на риби и морски плодови, каде риболовците не се потребни.

Работници на машини за пластика и метал

Loading...

Работниците во овие фирмни подесуваат и контролираат машини за работа. Напредната технологија едноставно ги елиминира овие работни места.

Проценување на ризик

До неодамна работниците во осигурителните компании проценувале ризик од несреќи, но денес за такви намени има цели софтверски програми.

Razno019

Стјуардеси и стјуарди

Овие позиции нема да исчезнат, но потребата од нив ќе се намали. Константните економски тешкотии и ефтините цени на летовите можат да ги спречат компаниите да вработат ваков кадар.

Аранжери на цвеќе

Со оглед на тоа дека луѓето се помалку купуваат цветни аранжмани, бројот на луѓе кои се занимаваат со оваа работа во скоро време драстично ќе се намали.

Loading...

Дрвосечачи

Законите во Америка спречуваат сечење на шумите. Меѓутоа, додека постои и потребата од дрво како материјал, дали за мебел или огрев, ќе постои и оваа професија, дали легално или илегално шумите ќе се сечат.

Агенти за патувања

Се почесто го користиме интернетот за да одлучиме каде ќе одиме на летување или зимување, а преку бројни сајтови можеме и да резервираме и да ги разгледаме цените. Услугите на агентите со самото тоа стануваат се помали.

Tan2014-8-23_143958263_5

Фармери и земјоделци

Трендот на се помал број на луѓе кои се занимаваат со земјоделство веќе постои, така низ неколку години ќе опстанат само оние кои ќе ја имаат најдобрата механизација за обработка на земјата.

Поштари

Loading...

Сметките можад да пристигнуваат електронски, а исто така и да платиме, што е побрзо и поедноставно. Денес не испраќаме писма, туку ѕвониме по телефон и праќаме мејлови преку интернет, а дури се конструираат и мали роботи кои ќе ги разнесуваат пакетите. Поштарите за сега се најзагрозената професија кога станува збор за иднината.