Ова се најголемите митови за леваците во кои не треба да верувате

Сподели со своите пријатели

Толку многу работи до сега имаме слушнато за леваците, од тоа како и колку се разликуваат од деснаците. Меѓутоа, некои од тие теории и тврдења науката ги отфрла. Во продолжение прочитајте кои митови за леваците не се точни.

Loading...

Леворакоста е резултат на генетиката

Научниците уште не се сосема сигурни зото некои луѓе се леваци, но знаат дека само во 25% од случаите причината за тоа е генетиката. Леворакоста често е семејнца црта, но во многу помала мера од останатите наследни особини како што е висината или интелигенцијата.

Еднојајчаните близнаци кои делат иста генетика понекогаш можат да имаат различни доминантни раце. Постојат многу теории за тоа што влијае на доминантноста на една над друга рака, но многу експерти веруваат дека всушност се работи за чиста случајност.

Леваците размислуваат со десната страна од мозокот

Митот за тоа дека леваците исклучиво ја користат десната страна од мозокот е само мит. Имено, дури 70% од леваците користат лева хемисфера, а само 40% со десната или со двете. Леваците и деснаците на сличен начин го процесираат јазикот.

Од друга страна за „едноставните“ функции за мозот како вниманието, емоциите, перцепцијата, се уште нема доволно податоци. Во ваков случај, не постојат толку воочливи разлики измеѓу леваците и деснаците и тие дефинитивно немаат „свртени“ мозоци.

Леваците се покреативни од деснаците

Loading...

Креативноста е тешко да се измери, затоа не може да се тврди дека леваците по прашањето на креативноста се пред деснаците. Тој мит поминува низ едно истражување спроведено во 1995 година кое потврдило дека леваците се склони кон дивергентно размислување.

Поточно, кај решавање на проблеми тие ќе истражат повеќе опции од оние кои им се достапни. Заклучокот е едноставен – постои малку вистина и во воаа теорија, но кога ќе се согледаат реалните креативни достигнувања на леваците, нема доволно докази кои креативноста би ја споиле со леваштвото.

Леворакоста влијае на општото здравје

Научниците долго се сомневале ако на некој начин е поврзано со работата на имунолошкиот систем и дека е голем фактор во оболувањето од автономните пореметување.Меѓутоа, скорешните истражувања не успеале да ги потврдат овие сомневања.

Леваците живеат пократно и возат лошо

Некогаш се верувало дека животниот век на леваците е значително пократок од оној на деснаците. Тој мин произлегол од една студија објавена во 1991 година која леваците ги обвинила дека се значителн полоши возачи и поради тоа предизвикуваат сообраќајни незгоди. Научниците на крајот докажале дека двете тврдења се неточни. Леваците се еднакво добри возачи како и деснаците, а нивната долговечност не е ограничена.