Ова се најбизарните божиќни митолошки суштества, едно постои и кај нас

Сподели со своите пријатели

Најлошото нешто што може да му се случи на дете кое живее во земјите што зборуваат англиски јазик за Божиќ е да очекува подарок и да не добие. Децата во други земји можат да очекуваат нешто полошо.

Loading...

Нешто многу полошо, пишува Гардијан. Овој портал се занимаваше со легендите кои со децении се пренесуваат во одделни земји.

Еве 7 од најбизарните традиции ширум светот:

Крампус (Австрија, Словенија, Хрватска, Северна Италија)

Во многу европски земји, Свети Никола има свој непријател. Свети Никола е добар полицаец и не сакате да го запознаете лошиот. Еден од нив е Крампус, демонско чудовиште кое е половина коза, половина човек со рогови и долг јазик.

Кога шета зад себе тој повлекува синџири што трескаат цело време. Носи бреза за да камшикува непослушни деца, а понекогаш и торба за да ги украде, според пишувањата на „Гардијан“.

Вечерта пред Свети Никола, 5 декември, според Грегоријанскиот календар, е вечер на Крампус.

Г-ѓа Пехта (Австрија и Баварија)

Loading...

Оваа дама е всушност вештерка која доаѓа да види кој е лош, а кој е добар. Таа ги сече стомаците на децата кои биле лоши и става слама во нив.

Мари Луид (Велс)

Замислете го ова: Нова година е, а вие сте дете во Велс. Слушате дека некој тропа на вратата. Ги отворате. Над вашата глава е суштество со коњски череп и огромна наметка.

Тој е придружуван од луѓе што пеат. Наместо очите, черепот на коњот има лажно очно јаболко. Неговата уста е малку отворена и веднаш сте парализирани од страв. И додека се потите од страв, возрасните си честитаат едни на други за Новата година.

Грил и Мачка Јала (Исланд)

Не се залажувајте дека мачката Јала ќе ви седне удобно во скутот додека ја милувате или си играте со неа. Оваа мачка е застрашувачка. Како Сатана, таа шета наоколу, талкајќи како лав.

Огромната мачка Јала шета низ градот во темница и sирка во осветлените прозорци на детските спални соби. Единствениот начин на кој можете да се спасите е да ѝ ја покажете облеката што ја имате за Божиќ, затоа што сте биле добри оваа година.

Ако не сте добиле нова облека, подгответе ги старите и молете се дека тие ќе ги исполнат „стандардите на мачки“, пренесува Гардијан.

Loading...

Ханс Трап (Франција)

Според верувањето во Алзас, Ханс Трап бил локален човек, многу алчен и бескрупулозен. За да стане богат, тој се справил со ѓаволот. Откако бил протеран од Католичката црква, тој ги изгубил и богатството и социјалната положба.

Потоа, тој започнал да талка низ селото, преправен како плашило. Во еден момент тој сакал да проба човечко тело. Го привлекло момчето кај пастирот, го убик и го готвел. Тој бил погоден од гром пред да успее да касне од момчето. Ханс починал, но има легенда дека на денот на Божиќ се враќа, оди од врата до врата и бара млади, вкусни деца, додава Гардијан.

Караконџоли (Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Турција)

Караконџоли, или Караконџуле на српски, Каликантзари на грчки јазик, се демони кои го поминуваат поголемиот дел од годината под земја обидувајќи се да повикаат апокалипса.

За време на божиќните празници, тие доаѓаат на површината на земјата и предизвикуваат расправии и зло.

Тие понекогаш се опишуваат како црни крзнени суштества кои имаат мешунки и рогови. Обично се мажјаци.

Пер Фујта (Франција, Белгија, Швајцарија)

Loading...

Фујта бил месар, а тој и неговата сопруга киднапирале, ограбувале и убивале богати деца, а потоа ги криеле телата во буриња со месо.

Свети Никола го открил злосторството и ги оживеал децата, а како казна Фујта станал негов роб. Тој оди со Свети Никола насекаде и ги плаши проблематичните деца, веруваат во овие три земји.

Leave a Reply