Изнајмување или купување венчаница е еден од поскапите свадбени трошоци. Но, сите трошоци за венчавки не се ништо во споредба со цената на најскапата венчаница во светот…
Loading...
Создадена е од египетскиот дизајнер Хани ел Бехри и се претстави на неодамнешната модна ревија во Каиро.
Цената на оваа венчаница се проценува на неверојатни 15 милиони долари, изработена е од стотици дијаманти и скапоцени камења.
Венчаницата е исто така со необичен, асиметричен крој. Предниот дел е пократок, додека одзади достигнува до подот, а има вел долг неколку метри, кој е украсен со sвездички, а честа да се носи оваа креација припадна на актерката Маџи Омар.