Ова е листата на најлуди празнични обичаи во светот

Сподели со своите пријатели

Секоја земја има своја едиснтвена празнична традиција и обичаи, а сето тоа сведочи за големото културно богатство.

Loading...

Со оглед дека ни претстојат новогодишните и божиќните празници, еуфоријата меѓу луѓето расте. Сите веќе ги завршуваат последните планови за Нова година, додека Божиќ е резервиран за семејните моменти.

Во градовите ширум светот веќе некое време траат празнични базари во кои подеднакво уживаат сите.

Во голем број земји постојат и традиции кои не се пропуштаат кога станува збор за овие празници.

Некои се вообичаени кога се помислува крајот на годината и размената на подароци, додека за некои сигурно никогаш не сте слушнале.

ДЕДО МРАЗ СО ОЧИЛА ЗА СОНЧАЊЕ

Дедо Мраз во црвена облека и бела брада е неизоставна глетка за празниците ширум светот. Малите се радуваат, но и повозрасните се чувствуваат весело.

Ништо поинакво не е и на Брегот на Слоновата Коска во Западна Африка. Со една мала разлика. Таму познатиот дедо носи и очила за сонце. Со оглед на температурите од околу 30 степени кои таму владеат во декември, совршената илузија на божиќна атмосфера е можна само со вештачки снег.

 

Loading...

 

ТЕПАЧКА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ

Јужна Америка е континент кој е познат по извонредни спортисти, а особено од областа на борбените спортови. Перу е една од ретките земји која има бизарна традиција за тепачка за време на празниците.

Кај домородните народи карактеристично е за време на празниците да се удираат едни со други како начин на прослава, но и решавање на споровите.

Ова не е традиција само за мажите, туку во неа учествуваат и жени и деца, додека огромен број луѓе го гледаат овој настан. Иако делува варварски, тоа не значи дека не постојат одредени правила.

Противникот кој е на земја не смеете да го гризете или удирате. Полицијата е секогаш во приправност ако работите излезат од контрола, пренесува порталот bloodyelbow.com.

ЦРН ПЕТАР

Секоја година кога холандскиот Дедо Мраз кој го нарекуваат Синтерклас, трднува да дели подароци на децата, во земјата вријат духовите. Причината за вечната караница е неговиот традиционален следбеник – Црн Петар.

Loading...

Многумина сметаат дека тоа е поради дискриминација, со оглед на фактот дека е со црн тен. И одборот на Обединетите нации за човекови права бара Холанѓаните тој лик да го исфрлат од божиќната традиција.

 

 

СЕЧЕЊЕ НА БОЖИЌНОТО ДРВО

Едниот држи, другиот сече: татко и син во саксонски Фишбах сечат божиќно дрво. Ова е неодвоив дел од германската божиќна традиција. Некои го носат во домот веќе во почетокот на декември, а други непосредно пред Божиќ.

Но секогаш е украсено – некогаш шарено, некогаш еднобојно и елегантно, а понекогаш само со накити од детската креативност. Оние повнимателните прават свеќи и ги заменуваат со електричните сијалички.

РУДОЛФ, ДАШЕР, ДАНЦЕР, ПРАНЦЕР И ВИКСЕН

Рудолг, Дашер, Данцер, Пранцер и Виксен – тоа се најпознатите ирваси на Дедо Мраз. Тие во американскта божиќна декорација не можат да се изостават. Во „земјата на неограничени можности“ сакаат повеќе кич.

Божиќните декорации во њујоршки Бруклин денес се своевидна атракција, пренесува Дојче Веле.

Loading...

ДАРЕЖЛИВО ЏУЏЕ

Украинскиот фолклор проповеда приказна за дарежливо џуџе кое помагало на сиромашни семејства да ја украсат елката. Имено, пајакот го украсувал дрвото плетејќи сјајна мрежа по него. Украинците ги украсуваат домовите со светлечки мрежи за да ја повикаат среќата во идната година.

 

 

 

ГРОЗЈЕ ЗА ДЕЦА

На полноќ на 31 декември во Шпанија, традиција е да се јаде грозје, и тоа точно 12 зрца – за да се осигура среќа за 12те месеци кои претстојат.

Loading...

ПОДАРОЦИ ЗА ЖИВОТНИТЕ

Во зоолошката градина Тарона во Сиднеј подароци за Божиќ добиваат и животните. Тие однадвор изгледаат како да во нив да има спакувани чорапи или вратоврски. За среќа, овие шимпанзи не добиваат гардероба, туку намирници за јадење.