Вилата од соништата, која е веројатно најскапата вила на островот Палм Џумеира, има 1.400 квадратни метри и се продава за 33 милиони долари.

Декорирана со луксуз во секој детал, модерната вила ја дизајнирал сопственикот Мајкл Адам Алибаџа.

Вилата се протега на три спрата и има своја приватна плажа и прекрасен поглед кон морето.

Куќата од соништата се вика „One 100“, по луксузот на ентериерот што ги надминува сите хотели со пет ѕвездички.

Има базен, теретана, две кина, осум купатила, а во гаражите автомобили Ферари, Ролс Ројс и Харли Дејвидсон.

Дневната соба на вилата е ориентирана кон отворено море, а просториите се украсени и дизајнирани со уникатен дизајн, што издвојува луксуз на италијански мермер.

Вилата има повеќе од 30 уметнички дела, вклучително и дела на францускиот уметник Ричард Орлински, како и скулптури од Ера Арни.

