Црвениот крст на Република Македонија преку Општинската организација на Црвениот крст на Куманово обезбеди хуманитарна помош на 110 семејства кои се зафатени од последиците на неодамнешните немили случувања во Дива населба (урбана заедница Тоде Мендол), Куманово.
Доделена е помош во храна, средства за хигиена, средства за дезинфекција, ќебиња, вода за пиење, чизми. Црвениот крст на РМ преку Општинската организација во Куманово и понатаму ја следи состојбата и согласно проценката на терен прави напори за обезбедување на соодветна хуманитарна помош за семејствата.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:
– Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на семејствата.
Црвен Крст апелира до правните субјекти и граѓани донациите во материјална помош дека може да се обезбедат во храна, бебешка храна, средства за хигиена, средства за дезинфекција и постелнина.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток, Скопје од 08:00 до 18:00 часот во работни денови, во сабота и недела од 08:00 до 16:00 часот (контакт тел: 3096 227 ).
Со координиран пристап за обезбедување на соодветна помош во хуманитарната акција, ќе се постигнат целите за задоволување на приоритетните потреби на семејствата.
Хуманитарната акција за помош на семејствата во Куманово ќе трае до 31 мај 2015 година. За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.