Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше отворена третатта по ред изложбата на цртежи и графики кои се творби од детската ликовна колонија „АСНОМ“, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, заедно со Фондацијата за култура и спорт.
Loading...
[huge_it_gallery id=”331″]
На отворањето присуствуваше и раководителот на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, Нино Величковски кој истакна дека и оваа година лето ќе се одржи детскиот ликовен камп на кој учество ќе земат голем број дечиња кои имаат афинитети кон уметноста.
Еден бенефит од сево ова е тоа што го вклучивме и Центарот за лица со интелектуална попреченост Порака наша и од Дневниот центар кои веќе две години се учесници на таа колонија и на наше задоволство веќе по втор пат потпишавме меморандум за соработка и ќе донираме од претходната биенална дониравме 77 слики, а сега негде се она што е поставено ан оваа изложба ќе биде исто донација од страна на Фондација за култура и спорт на Центарот за лица со интелектуална пореченост Порака наша – рече Нино Величковски, претседател на Фондацијата за култура и спорт.
Со донациите на овие слики Центарот подоцна истит ќе може да ги подарува или продава за да оствари финансиски средства за своето работење.
Се одржува детски ликовен камп во кој се ствараат продукции со кои еве и после две години правиме биенална изложба и оваа изложба на некој начин е и донаторска изложба. Дел од овие творби на младите ликовни уметници се донирани од Фондација за култура и спорт во Порака наша како поддршка за нивната активност на лицата со посебни потреби – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Учество во овој ликовен камп земаат околу дваесетина дечиња од кои четири се од дневните центри за лица со посебни потреби.
Оваа година по шести пат ќе имаме можност да ја стартуваме оваа ликовна колонија која ќе трае три дена, а четвртиот ден имаше изложба. Се работеше во три техники, првата е графичка техника, втората е сликање на платно и сите се изложени во овој дел. Учесници се сите школи од Куманово, основните училишта, односно од секое училиште по едно, а беа поканети и деца од други националности – вели Елена Спасовска.
Loading...
Инаку и оваа година во ресторанот Етно Село по шести пат ќе се одржи Детскиот ликовен камп од 20-24 јуни за учениците од петто до деветто одделение.