„Почетокот на сите почетоци можеби и нема почеток. Затоа и крајот на сите краеви нема завршеток“ – вели Филип Петровски во неговото најново литературно остварување под насловот „Во светот на световите“.
Loading...
Книгата пред неколку дена ја доживеа својата премиера во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од младиот кумановски автор Филип Петровски со вистински енквалистички моменти кои наидоа на воодушевување кај публиката.
Петровски ве повикува на едно лудо патување и запознавање на самите себе си, во неговото најново дело каде скриените пораки помеѓу листовите на книгата ќе ве однесат на почетокот на зачетокот на „Светот во световите“, која се наоѓа некаде помеѓу пишаните страници со кои ќе заминете во бесконечен и безвременски простор се додека не дојдете до последниот убаво пишан збор.
Loading...
На самото место на откривање лежи сокриеното, кое е видиливо и откриено, а сепак вешто сокриено, ти ме праша или јас ти одговорив – е само мал дел од умешниот изразувачки стил на кумановскиот автор.
Доколку сакате оваа дело да го имате во вашите раце можете да го контактирате авторо на телефонскиот број 077 727 931 или на неговиот „фејсбук“ профил.