Откриени ПВО системи околу резиденцијата на Путин во градот Валдај (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Поради зголемената офанзивна активност на беспилотни летала од Украина, резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Валдај, северно од Москва, сега е зајакната со повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Loading...

Во некои претходни извештаи беше наведено дека еден систем за противвоздушна одбрана „Панцир“ бил инсталиран во близина на резиденцијата за одмор на претседателот, но сега сателитски снимки го потврдуваат присуството на најмалку седум такви системи распоредени околу добро чуваниот комплекс, пренесува Newsweek.

Распоредувањето на системи за противвоздушна одбрана околу станбениот комплекс на Путин во Валдаи го потврди и Институтот за проучување на војната (ISV), американска невладина истражувачка група.

ISV сугерира дека ова распоредување на системи за противвоздушна одбрана е дел од пошироката стратегија за заштита на потенцијално значајните цели од напади на украински беспилотни летала, кои се повеќе оперираат длабоко на руска територија.

Противвоздушните системи Панцир се средства со краток до среден дострел дизајнирани да уништуваат авиони, хеликоптери, ракети или други помали закани како што се дронови и можат да пресретнат цели на растојание од 20 до 40 километри.

Сателитските снимки снимени на 6 мај укажуваат и на присуство на други, непознати воени технологии во близина на претседателската палата.

Други разузнавачки извори тврдат дека се идентификувани уште најмалку шест системи за противвоздушна одбрана заедно со единаесет мобилни системи земја-воздух С-300/400 и неколку радарски станици со долг дострел распоредени околу резиденцијата на Путин, но воените аналитичари не ја исклучуваат можност да има уште, скриени во густата шумска површина околу станбениот комплекс во Валдаи, пренесува Танјуг.

 

Loading...