Најмалку осум лица загинаа, а девет се тешко повредени во лизгање на земјиште во близина на рудник на истокот на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.
Loading...
Администраторот на територијата Физи во провинцијата Јужен Киву, Аиме Каваја Мутипула, изјави за Ројтерс дека повредените се во критична состојба и се префрлени во локална здравствена установа.
Одроните се релативно чести на ридските падини во источно Конго поради обилните дождови, наведува британската агенција.