Осум лица лани загинале во сообраќајки во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осум лица лани го загубиле животот на кумановските сообраќајници, на кои се случиле вкупно 469 сообраќајни незгоди.

Loading...

Ова го покажа годишниот извештај на Полициската станица од Општа надлежност кој денеска беше презентиран на седницата на Советот на Општина Куманово.

Од осумте загинати лица, четворица биле пешаци, еден велосипедист, двајца возачи и двајца патници во возило.

Во сообраќајките со тешки телесни повреди се здобиле 59 лица, со телесни повреди 237 лица, додека во 237 сообраќајки била причинета материјална штета.

В.д. командирот на Полициската станица од Општа надлежност Куманово, Томислав Додевски, денеска на седницата на Советот, рече дека како најчести причини за сообраќајните незгоди се наведени, дејствие, растојание, првенство на минување, страна на движење и од невнимание на пешаци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лани одземени 755 возачки дозволи на пијани возачи во Куманово

Никола Ивановски