Руската новинарка Марија Пономаренко, која отслужува шестгодишна затворска казна поради спротивставување на војната во Украина, денеска стапи во штрајк со глад.
Четириесет и шестгодишната Марија Пономаренко беше уапсена помалку од два месеци откако Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина, откако ги обвини руските воздухопловни сили за бомбардирање на театарот во Мариупол.
Судот во Барнаул, Сибир ја прогласи Марија Пономаренко за виновна за ширење лажни тврдења за руската војска, според Ројтерс.
Марија Поморенко работеше за интернет порталот RusNews. Четворица новинари од таа редакција се зад решетки.
Се тврди дека на Марија Поморенко и се заканува ново обвинение – за наводен напад на затворски чувари и дека е сместена во самица, поради што штрајкувала со глад.