Осмомартовска планинарска тура на Бислим

Сподели со своите пријатели

И годинава во чест на празникот на жената 8-ми Март, Здружението за планинрање и заштита на планини „Козјак 2013“ од Куманово организира планинарска тура до Бислимска клисура.

Loading...

Како што истакнуваат од здружението, акцијата нуди можност  на многу жени кои сакаат да ги направат своите први чекори во планинарењето.

Aкцијата нуди можност  на многу жени кои сакаат да ги направат своите први чекори во планинарењето уживајќи во егзотиката на Бислимската Клисура по течението на реката Пчиња. Секако, цело е кога има се, па затоа без припадниците на посилниот пол не би било ни посигурно ни позабавно, па тие секогаш се покрај нас и секогаш се добредојдени, велат од ЗПЗП Козјак 2013.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Акцијата започнува во 8 часот пред мостот на реката Пчиња во истоименото село, каде на паркингот близу црквата ќе се остават автомобилите и со водич ќе се упатат на турата.

– Со нашите водичи се упатуваме преку борова, па дабова шума по маркирана патека до видиковецот каде се гледа речиси целата клисура. Потоа се спуштаме до реката, се движиме по нејзиното течение и пак се искачуваме на уште еден видиковец, за понатаму да уживаме во сите изненадувања кои ни ги нуди овој предел и добрите домаќини. Потоа повторно се враќаме во селото, најдоцна околу 15 часот, појаснуваат од здружението.

Патеката е прилагодена за почетници, долга е околу 13 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

– Вода по пат нема, а храна е од ранец, но задолжително да се носи соодветна планинарска опрема, пред се гојзерки поради карпест предел. За сега времето ветува убави услови, умерено сончево со пријатна температура, па се надеваме дека ќе ја довикаме и пролетта, стои во соопштението.

Никола Ивановски

Loading...