Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека целта на западните санкции е да ја ослабат Русија, но се случува спротивното и ја ослабува европската економија.
– Нашите европски економии забрзано одат кон рецесија – посочи тој.
Орбан смета и дека Европската унија се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина.
– Ние во Европската Унија прво решивме да испорачаме оружје, првично само несмртоносно, потоа ЕУ почна да испраќа и смртоносни. Сега украинските војници се обучуваат на територијата на европските земји, а во блиска иднина ќе биде донесена одлука за преземање на економскиот товар на украинската економија. На овој начин се повеќе се вклучуваме во овој конфликт – објасни Орбан.
Тој изрази надеж за што поскоро воспоставување мир во Украина и додаде дека само мир може да стави крај на прехранбената и енергетската криза.
Според него, Унгарија е „заинтересирана за соработка меѓу Истокот и Западот“.
Орбан заклучи дека сите кои одбиваат таква соработка се во загуба.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.