Орбан: Ќе ги одземеме екстра профитите на МОЛ

Сподели со своите пријатели

Унгарската влада ќе го одземе дополнителниот профит на нафтената и гасната групација МОЛ од продажбата на гориво, напиша денеска премиерот Виктор Орбан на Фејсбук, пренесува Ројтерс.

Loading...

Пораката на унгарскиот премиер дојде еден ден откако владата ги укина ограничувањата за цените на горивото за автомобилите поради недостиг на пумпи.

„Во изминатите неколку дена стапија на сила нафтените санкции на Брисел. Она од што се плашевме навистина се случи. Отсега цените на бензините се под напад на санкции низ цела Европа“, рече Орбан.

Тој додаде дека унгарската влада ќе ги конфискува дополнителните профити остварени на овој начин и ќе ги пренасочи во државниот буџет, пренесува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.