Советниците на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за субвенционирање на јавниот градски превоз за стечајците, но за користење на субвенционираниот градски превоз ќе бидат одредени параметри кои треба да ги исполнат корисниците на субвенционираниот превоз.
Меѓу другото тие треба да бидат државјани на Република Македонија, жители на општина Куманово, но и членови на регионалното Здружение на стечајни работници „Унит“.
На расправата советникот Драган Петковски истакна дека треба да се вметне додатен криетирум со кој овој субвенциониран превоз би можеле да го користат само оние стечајни работници кои истовремено се и приматели на социјална парична помош.
Од општинаската администрација сепак потенцираа дека постои додатен услов кој предвидува оној кој ќе добие ваков превоз да има помалку од 10.000 денари месечни примања во семејството.
Инаку од ваквата мерка за субвенциониран превоз бенефит ќе имаат околу 223 стечајни работници од општина Куманово.