Општина Куманово отвори јавен повик за културни манифестации во 2027 година

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги повикува културните установи, здруженијата, фондациите и другите правни лица да достават предлог-проекти за организирање културни манифестации во текот на 2027 година.

Јавниот повик е објавен денеска, 6 ноември, а заинтересираните субјекти ќе можат да аплицираат заклучно со 26 ноември 2026 година.

Право на учество имаат јавни установи, здруженија на граѓани, фондации и други правни лица кои работат во областа на културата или социјално-хуманитарната дејност, под услов да имаат седиште на територијата на Општина Куманово.

Предложените проекти треба да придонесуваат за збогатување на културниот живот, зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство, поддршка на локалните уметници, унапредување на соживотот меѓу заедниците и продолжување на традиционалните културно-уметнички манифестации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почна асфалтирањето на „Моша Пијаде“ во Куманово (ФОТО)

За аплицирање е потребно да се пополни посебен образец, кој е составен дел од јавниот повик, а во него треба да бидат наведени основните податоци за организацијата, описот на манифестацијата, планираните активности, очекуваните резултати и потребниот буџет. Потребно е да се достави и доказ за регистрација од Централниот регистар, не постар од шест месеци.

Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до архивата на Општина Куманово, со назнака до Одделението за култура и спорт.

Еден подносител може да достави повеќе предлог-проекти, но за секој од нив задолжително треба да се пополни посебен образец и да се добие посебен архивски број.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца во притвор, еден во куќен притвор и еден со мерки на претпазливост за групата од Куманово

Манифестациите треба да бидат планирани на различни датуми, без можност за спојување на повеќе проекти од ист организатор на ист датум.

Проектите ќе се оценуваат според пет критериуми, со вкупно 100 можни бодови.

Најголем број бодови носи реализацијата на проектот (35), додека финансиската конструкција и буџетот носат по 20 бодови. Исполнетоста на документацијата се оценува со 15, а маркетингот со 10 бодови.

Предлог-проектите што ќе освојат помалку од 50 бодови ќе бидат оценети како неподобни за реализација и нема да влезат во Програмата за културни манифестации за 2027 година.

Конечниот избор ќе го направи општинска комисија формирана од градоначалникот, а проектите што ќе ги исполнат условите и ќе бидат оценети како најзначајни за развојот на културата во Куманово ќе бидат предложени за вклучување во годишната програма. Програмата ја донесува Советот на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Се враќа сонцето, утринските температури во минус

Со избраните организатори општината ќе склучи договори со кои ќе се утврдат меѓусебните права, обврски и одговорности во врска со финансиската поддршка.

Рокот за доставување на предлог-проектите е до 26 ноември 2026 година.

Никола Ивановски