Викенд прогноза за Куманово: Врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа).

По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, а максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 27-годишен кумановец за издржување затворска казна од две години

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто предупредување за опасност од врнежи од дожд.

 

 

Утре низ кумановско исто така ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне само до шестиот степен.

 

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната дневна температура ќе се искачи само до првиот степен во позитива, додека во текот на ноќта ќе започне разведрување што ќе ја спушти температурата до -5 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет домаќинства од Куманово добија награди за мерки за енергетска ефикасност (ФОТО)

 

 

Новата работна недела носи разведрување и повеќе сонце, но и пониски температури, кои ќе одат во минус.

Никола Ивановски