Општина Куманово и годинава ќе обезбеди помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово објави јавен повик за мерката обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица – корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2024 година.

Loading...

Како што информира Александар Крстевски, раководител на одделението за култура, спорт и социјална заштита, на овој повик можат да аплицираат корисници на гарантирана минимална помош и материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово, односно лица кои живеат под кирија.

– Потребно е подносителот кон барањето за субвенционирање да ги приложи во вид на фотокопија својата лична карта, сметка од ЈП „Водовод“ и ЈП „Чистота и зеленило“, не постари од три месеци, документ кој ја докажува врската помеѓу барателот и носителот на сметка, решение издадено од Центарот за социјална работа Куманово, кое докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош, -договор за наем на стан или куќа, како и телефонски број за контакт, изјави Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новогодишни пакетчиња од Општина Куманово за лицата со попреченост

Слични документи треба да се поднесат и за субвенционирање на трошоци за кирија, заедно со податоци за активна трансакциска сметка.

– Барањата можат  да се превземат од сајтот на општината, но и во Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на деца и здравствена заштита како и во архивата на општина Куманово и на портирница  во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион, додава раководителот Крстевски.

Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на општина Куманово од 22.01.2024 до  22.02.2024 година.

Сите заинтересирани граѓани може да добијат дополнтиелни информации на бројот 075/323-569 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Никола Ивановски

Loading...