Двајца приведени откако нападнале 57-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Две лица од кумановско биле приведени вчера попладне по пријава дека физички нападнале 57-годишник.

– На 22.07.2026 во 15:10 часот во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Џ.З.(32) и С.З.(55), двајцата од с.Никуштак, информираат од Секторот за внатрешни работи

Според пријавеното вчера околу 09:00 часот во село Матејче, липковско, по претходно недоразбирање, двете лица физички го нападнале Н.К.(57) од Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Накит вреден над 20.000 евра запленет на Табановце (ФОТО)