Општинската Организација на Црвен Крст Куманово во текот на вчерашниот ден ја дистрибуираше пристигнатата хуманитарна помош од општина Бурса од Турција наменета за семејствата од населбата Тоде Мендол од Куманово.
Loading...
На предавањето на помошта беа присутни секретарот на Црвен крст Чаир, секретар, претседател и волонтери на ООЦК Куманово.
Помошта се состоеше од прехранбени производи, и тоа ориз, ѓувеч конзерви, сончогледово масло, сув грав, макарони, брашно, душеци, ќебиња, перници и памперси.
Loading...
Вкупно беа донирани 1580 парчиња, односно 13.950 килограми хуманитарна помош.