Територијалната противпожарна екипа од Куманово, денес во 16:30 часот, бележи интервенција во СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” поради пламен кој бил забележан во хемиската училишна лабараторија.
Loading...
Според информациите од ТППЕ Куманово, во прашање е проблем со електрична инсталација. Пожарникарите со брза интервенција спречиле ширење на пожарот, и во моментот, електричната енергија е во прекин, поради истрага за тоа, што довело до опожарување на училишната лабараторија.
Екипата на ТППЕ Куманово е се уште на терен, а пожарот е ставен под контрола.
Нема повредени лица, а причинета е само материјална штета, велат од ТППЕ Куманово.