ООУ „Магдалена Антова“ добива ново спортско игралиште (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општинското основно училиште „Магдалена Антова“ во кумановската населба Карпош ќе добие ново спортско игралиште.

Loading...

 

 

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во тек е асфалтирање на игралиштето, по што ќе следува поставување на тартан подлога и заштитна ограда.

 

 

Loading...

Игралиштето ќе биде мултифункционално, при што ќе биде поставена опрема за фудбал и кошарка.

 

 

Паралелно во меѓувреме се работи и на изградба на ново детско катче во населбата Зелен рид.

 

 

Loading...

Проектот освен овие два зафати, предвидува детски катчиња на кејот на реката Кумановка, во населбата Перо Чичо, како и на уште една локација во градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички нападнат од сограѓанин

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски