ОО на СДСМ Куманово: Оставете го плоштадот, престанете да не делите на патриоти и непатриоти

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ од Куманово денеска на прес конференција се обрати на јавноста како што велат поради тоа што се чувствуваат повикани по вчерашниот прес на локалната опозиција.

Loading...

Портпаролот на ОО на СДСМ од Куманово, Сашо Тодоровски истакна дека Куманово отсекогаш е мултиетнички и единствен град.

Ние како политичка партија  сакаме да реагираме и да истакнеме дека во овој момент не е време да се занимаваме со работа како што е менување име на плоштад и такви тривијални работи кои со ништо не допринесуваат за просперитетот на нашиот град и подобар живот на нашите граѓани – истакна Тодоровски.

Од општинската организација велат дека е потребно да ги зачуваме историските моменти и да ја надоградиме нашата иднина врз основа на она што било и чувајќи го минатото да градиме сигурна иднина.

ВМРДО-ДПМНЕ како партија мора да излезе од својата матрица на извртување на работите и на реалноста и конечно да сфатат дека е дојдено времето на промени во Македонија и дека наскоро ќе има одговороност за нечовечноста која ја слушавме изминатиот период правена од нивните водечки луѓе – вели портпаролот на ОО на СДСМ Куманово.

Тодоровски во име на општинската организација порача дека е потребно да ја повратиме сигурноста и довербата на граѓаните во нашето општество.