ОН укажуваат на можни злосторства против човештвото во Кина

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации објавија извештај за кинескиот регион Ксинџијанг кој укажува на можни „злосторства против човештвото“ и „веродостојни докази“ за тортура и сексуално насилство врз заедницата на малцинството Ујгур.

Loading...

Во извештајот се наведува дека произволното и дискриминаторско приведување на Ујгурите и другите членови на претежно муслиманските групи може да се третира како злосторство против човештвото и се повикува меѓународната заедница да дејствува.

„Постојат веродостојни наводи за тортура или малтретирање, вклучително и принуден медицински третман и лоши затворски услови, како и индивидуални наводи за сексуално и родово насилство“, се наведува во извештајот на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, јавува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешниот германски канцелар хоспитализиран поради „тешки изгореници“

Овој документ става печат на ОН на обвинувањата кои веќе подолго време се упатуваат против кинеските власти.

Америка и некои невладини организации за човекови права притискаа извештајот да биде објавен, додека Пекинг го направи спротивното, сметајќи го за „фарса“ оркестрирана од Западот на чело со Вашингтон.