ОН: Околу еден милион авганистански деца се неухранети

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации (ОН) објавија дека околу еден милион деца помлади од пет години во Авганистан годинава ќе страдаат од најтешката форма на неухранетост.

Loading...

Според извештајот на ОН, растечката сиромаштија во Авганистан бара сè повеќе луѓе да помогнат, додека глобалните цени на храната растат поради војната во Украина. Ветувањата за меѓународно финансирање за помош сè уште не се реализирани, се вели во извештајот.

Според проценките на УНИЦЕФ, проценетиот број на авганистански деца кои ќе страдаат од неухранетост е речиси двојно поголем отколку во 2018 година, пренесува Бета, цитирана од АП.

 

Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

 

Расте бројот на неухранети деца во болниците

Претставникот на УНИЦЕФ во Авганистан Мохамед Аг Ајоја минатата недела изјави дека расте бројот на сериозно неухранети деца во болниците. Од март 2020 до март 2021 година, бројот на болнички примени на неухранети деца се зголемил од 16.000 на 18.000, а во март годинава се зголемил на 28.000 примени.

Loading...

Според УНИЦЕФ, најтешката форма на неухранетост кај децата предизвикува закана за имунолошкиот систем, до таа мера што тие стануваат подложни на разни болести и со текот на времето стануваат толку слаби што не можат да ги апсорбираат хранливите материи.

 

ОН ги повикаа Талибанците да ги укинат ограничувањата за девојчињата и жените

 

Откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан, многу од светските развојни агенции се повлекоа од земјата, веќе погодена од војна и санкции.

Според ОН, половина од Авганистанците живееле под прагот на сиромаштијата кон крајот на минатата година.