Набљудувачката мисија на Обединетите нации за човекови права соопшти дека од февруари 2022 година, 12.605 цивили се убиени, а уште 29.178 повредени во руската агресија врз Украина.
Во извештајот се наведува дека поголемиот дел од цивилните жртви (89 проценти) биле регистрирани на територијата под контрола на Украина, каде што биле оштетени образовните и медицинските установи (93 проценти).
Најголем број жртви во јануари предизвикале беспилотни летала со краток дострел, вклучително и беспилотни летала FVP (First Person View), а во делот на Херсонската област контролирана од Украина, 70 отсто од жртвите биле предизвикани на овој начин, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Укринформ.
Најмногу загинаа во напади со дронови
Во гранатирањето на Запорожје на 18 и 23 јануари загинаа 17 цивили, а 176 беа ранети, според извештајот на ОН.
Се додава дека повеќето цивили (81 отсто) биле убиени во близина на линијата за контакт, пред се во регионите Херсон, Запорожје и Доњецк.
Извештајот забележува дека вистинската големина на штетата нанесена на цивилите, вклучително и жртви и оштетена инфраструктура, веројатно е многу поголема, бидејќи повеќето податоци не можат да се проверат поради големиот број извештаи и недостигот на пристап до областите.
ОН посочуваат дека во јануари оваа година беспилотните летала со краток дострел убиле и повредиле повеќе цивили од кое било друго оружје, погодувајќи луѓе во нивните автомобили, автобуси и на улиците.