Годишната стапка на инфлација во Германија забрза во октомври, достигнувајќи го највисокото ниво од декември 1951 година, покажуваат конечните податоци на германската канцеларија за статистика објавени денеска.
Индексот на потрошувачките цени, измерен според германските национални стандарди, се зголеми за 10,4 отсто во октомври во споредба со истиот месец во 2021 година, од нивото од 10 отсто во септември, соопшти статистичката служба Дестатис, потврдувајќи ги своите прелиминарни податоци, објави Маркетвоч.
Месечната стапка на инфлација во октомври изнесува 0,9 отсто.
„Главната причина за високата инфлација и натаму е огромниот пораст на цените на енергијата, но растат и цените на многу други стоки и услуги. Домаќинствата сега особено го чувствуваат поскапувањето на храната“, изјави претседателот на Дестатис, Георг Тиел, пренесува Танјуг.
Германската инфлација, приспособена за стандардите на Европската унија, беше 11,6 отсто на годишна основа во октомври, во споредба со септемвриските 10,9 отсто, рече Дестатис, потврдувајќи ја и својата прва проценка.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.