Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово упати честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста.
На референдумот одржан на 8 септември 1991 год, со убедливо мнозинство, 95% од граѓаните кои излегоа да ја изразат својата слободна волја, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија?“.
Мало парче земја, сместено во срцето на сите случувања, дел од многу војни, пролеана крв и пот на нашите херои… низ вековите соочени со безброј предизвици, останавме тука да го чуваме и штитиме нашето име и националната определба.
Едновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и суверена македонска држава.
Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Куманово на сите граѓани им го честита овој голем празник кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Република Македонија и македонскиот народ, се вели во честитката упатена од ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.