Од утре – поголема социјална и постојана парична помош

Сподели со своите пријатели

Социјалната помош од први јуни се зголемува за 10 насто, а згрижувачките семејства и родителите со деца со пречки во развојот ќе имаат за 25% поголем надоместок. Следува и септемвриско зголемување на платите.

Loading...

Зголемувањето доаѓа откако Никола Груевски вети поголема парична помош на народниот собир во Спортската сала „Борис Трајковски“ каде вети зголемување на социјалната помош не за 5 како што беше првично најавено, туку за 10 проценти.

„Во Програмата имавме ветено зголемување на социјалната парична помош од 5 отсто, но пред три месеци донесовме решение да се зголеми социјалната и парична помош за 10 отсто од јуни годинава, а корисниците да ги добијат средствата во јули. За 25 отсто ќе порасне надоместокот за згрижувачките семејства за деца без родители и за родители кои имаат деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства. Нивното зголемување исто така ќе почне од јуни, а ќе биде исплатено на почетокот на јули“, рече тогаш премиерот Никола Груевски

Инаки социјалната парична помош е вкупно зголемена за 47 проценти, а постојаната парична помош за 46.

 

Leave a Reply