Од утре обилни врнежи од дожд, а од среда пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи денеска можеме да очекуваме променливо облачно време со појава на слаба магла по одделни котлни.

Loading...

Подолги сончеви периоди ќе има во западните делови, а во крајниот југоисточен дел од земјава ќе има услови за краткотраен слаб локален дожд.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, а максималната дневна ќе достигнува од 18 до 23 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината денеска денот ќе започне со температура од 11 степени целзиусови. Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време, со сончеви периоди и југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и до 20 километри на час.

Од вторник подрачјето на Република Македонија ќе биде по д влијание на релативно влажни бранови од Медитеранот, кои ќе придонесат времето да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни.

Во среда ветерот ќе го промени правецот во северен, од каде ќе се спушти и постуден воздух, кој ќе донесе и пад на дневни температури, а дожд со послаб интензитет за разлика од вторник, метеоролозите најавуваат и за среда и четврток.