Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, денеска донесе одлука со која од полноќ поевтинуваат нафтените деривати.

Loading...

Според последната одлука, Еуросупер 95 поевтинува за половина денар и од утре ќе се точи за 74 денари литар.

За два денара по литар се намалува цената на Еуросупер 98, и неговата нова цена од утре ќе биде 76,5 денари за еден литар.
Дизелот, пак, од полноќ ќе биде поевтин за денар по литар и ќе се точи по 68,5 денари.

Непроменета остануваат цените на Метанот и на автоплинот, 65 денари за килограм, односно 41,5 денари за килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија годинава извезла околу 20 отсто повеќе гас во Европа

Цената на Мазутот, од 44,780 денари за килограм, се намалува на 43,507 денари.