Од лакови за нокти до гуми за камиони. Што сѐ запленија цариниците на Табановце? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Разна стока, меѓу кои делови, лакови за нокти, гуми за камиони и патики, заплениле цариниците на Табановце во текот на изминатата недела.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на македонија службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце запленила разна стока меѓу која четири инвертери за соларни системи, 150 парчиња лакови за нокти од 10 мл и 20 парчиња серум за кожа од 30 мл која македонски државјанин кој патувал со автомобил со германски регистарски таблички се обидел да ја криумчари во државата

– Царински службеници на граничен премин Табановце запленија топлинска пумпа BOSCH (внатрешна и надворешна единица со заштитни маски),  откако истата македонски државјанин кој патувал со автомобил со австриски регистарски таблички сакал да ја шверцува во државата без да плати увозни давачки, велат од ЦУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил во паркирани возила, па нападнал полицаец

Мобилен царински тим пак запленил 31 пар патики, со вкупна вредност од 137 илјади денари.

– Истите, македонски државјанин без да ги пријави и за нив да плати увозни давачки од 44 илјади денари сакал да ги криумчари во државата, појаснуваат од Царина.

 

 

Loading...

како што додаваат, непријавените производи се  пронајдени во кеси и торби сместени на задното седиште и во багажникот на автомобил со бугарски регистарски таблички, со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.

Вкупно 42 парчиња делови за возила, со вкупна вредност од 302 илјади денари биле откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на товарниот дел на два камиони со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, биле пронајдени 13 употребувани гуми за камиони, 4 употребувани гуми со алуминиумски бандажи за автомобили, 4 задни светла и 13 хидраулични пумпи за камиони, а во вториот случај се пронајдени 4 употребувани гуми со алуминиумски бандажи и 4 нови гуми за автомобили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил во паркирани возила, па нападнал полицаец

 

 

Царинската управа поднесе и кривични пријави против 5 лица, две за фалсификување исправи во меѓународен транспорт, запленети лекови и анаболични стероиди.

До Основното јавно обвинителство Куманово е поднесена пријава за два случаи.

Loading...

Во првиот случај, возач на товарно моторно возило, државјанин на Косово, се обидел преку Деве Баир да криумчари  разни лекови и анаболични стероиди од кои 126 кутии со вкупно 1.260 ампули Equiamax B200 200mg-1ml, Decamax D200 200mg-1ml, Testomax E250 250mg-1ml, Testomax C200 200mg-1ml, Primomax P100 100mg-1ml, 50 флакони Gemtu 1000mg-10ml, како и 49 кутии со вкупно 4.410 таблети Andromax Oxymetholone 25mg и Danamax Methandrostanolone 10mg.

– Во намерата е спречен од мобилен царински тим кој на влез на граничен премин Деве Баир изврши контрола на возилото, при што во кабината на возилото во кеса скриена со ќебе и јакна, во фиоката над воланот и во сандакот со алат ги откри непријавените лекови со вкупна вредност од 788 илјади денари. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово, велат од Царинската управа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил во паркирани возила, па нападнал полицаец

Вториот случај за кој Царина поведе постапка во ОЈО Куманово е за македонски државјанин кој се обидел да криумчари стока во вредност од 826.400 денари, за кои требало да плати увозни давачки од 155.232 денари.

– Станува збор за рачка за епилатор ,,Elysion applicator“ која е пронајдена во картонска кутија сместена помеѓу предните и задните седишта на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој сторителот се пријавил за влез во државата на граничниот премин Деве Баир, појаснуваат од Царинската управа.

Никола Ивановски