Сашо Мијалков заминува од домашен притвор во одделнието во Шутка, одлучи Судечкиот совет, откако обвинителката Ленче Ристоска побара таква мерка по изрекувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ за кој тој е осуден на 12 години затвор.
Притворот е најдолго во период од 60 дена.
– Се укинува мерката куќен притвор. Се определува мерка притвор до правосилноста на пресудата, но најдолго 60 дена. Против него е поднесен обвинителен предлог, па согласно Законот за кривична постапка (ЗКП), притворот може да трае најмногу 60 дена“, рече судијката Џенета Бегтовиќ.
Една од причините зошто бил побаран притворот е што МВР не поседува техничка опрема за видео и аудио надзор врз домот на Мијалков.
Според обвинителката, Европол има потврдено дека тој поседува и дозвола за престој во Чешка со регистрирана адреса и две возила на свое име.
Никола Ивановски