Од денеска нов бран обилни врнежи ја зафаќа земјава

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно, од пладне и особено во западните и јужните делови со врнежи
од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, е временската прогноза која за денеска ја најавуваат синоптичарите од Управата за хидрометеорлошки работи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди. Во попладневните часови не очекува дожд проследен со грмотевици. Ќе дува слаб ветер од источен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

Од денеска до среда нашето подрачје ќе биде под циклонско влијание и ќе услови претежно облачно и посвежо време, на повеќе места со пообилни врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјава (локално над 50 л/м2 воден талог).

До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе се во пораст, велат од УХМР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

Leave a Reply