Бројот на цивилни жртви на азербејџанска страна се искачи на 63 од почетокот на конфликтот во Нагорно Карабах, додека 292 цивили се повредени, објави денеска азербејџанското државно обвинителство.
Loading...
Во соопштението се наведува дека од 27 септември, 386 цивилни објекти се оштетени во ерменското гранатирање, како и 1.981 приватни куќи и 90 станбени згради.
Обновените судири околу Нагорно Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото.
Јасмина Тасевска